Брендот на Ријана, Fenty Beauty официјален партнер на Олимписките игри

Ријана сподели уште една убава вест со своите милионски фанови на Инстаграм. Козметичкиот бренд на пејачката, Fenty Beauty, ќе биде официјален партнер на Олимписките игри во Париз.

Каде и да се појави Рири секогаш предизвикува огромно внимание, а тоа несомнено ќе се случи и на овој култен спортски настан.

Fenty Beauty веќе со години ужива голема популарност, па затоа музичката кариера во моментов и е во втор план.

Ријана е актуелна и со рекламните кампањи, каде често се појавува заедно со партнерот Ејсап Роки.

Олимписките игри започнуваат на 26 јули и ќе траат се до 11 август, а фановите со нетрпение ќе чекаат да видат во какво модно издание ќе се појави пејачката таму.

Освен што ќе биде партнер на Олимписките игри брендот Fenty Beauty ќе ги поддржи и Параолимписките игри од 28 август до 8ми септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian