Велур или познат и како превртена кожа е нежен, мек и топол материјал којшто го среќаваме и кај облеката и обувките.
Токму поради овие карактеристики е одличен е за есенските денови, додека температурите на паднале под нулата.
Велурот носи и доза на неформален луксуз и на некој начин се поистоветува со изглед којшто е елегантен, а сепак едноставен.
Боите со коишто го поврзуваме се најчесто кафената или палетата на окер нијанси, кои пак ја отсликуваат и есента и затоа е совршен за ова годишно време.
Нашата мала галерија е секогаш тука за инспирација.
Фото: Pinterest