Повеќето луѓе ја поврзуваат виолетовата боја со благородништво и луксуз. Тоа е боја на софистицираност и елеганција која симболизира моќ и богатство.
Но исто така, виолетовата боја може да ја поврземе со нежност и романтичност, во зависност од нијансата, па веднаш можеме да ја асоцираме со некои од најубавите цвеќиња како ирис, јоргован и лаванда.
Внесувајќи ја оваа прекрасна боја во домот, можеме навистина да го промениме нашето внатрешно чувство и да внесеме доза раскош, но и смиреност и хармонија поткрепени со нежна романтика.
Оваа боја и сите нејзини варијации од светла кон потемна пурпурна боја се препорачуваат за просториите за релаксација како дневната и спалната соба, па затоа за денес избравме токму идеи за овие делови од домот.
Виолетовата боја идеално се комбинира и со други бои, па оставаме на вас да бидете креативни при изборот.
Фото: Pinterest