Во домот на Лили Колинс, ѕвездата од “Емили во Париз”

Лили Колинс, актерката која е главен протагонист во глобално популарната серија “Емили во Париз” се најде во најновиот едиторијал на VOGUE.

35-годишната актерка ги отвори вратите за VOGUE од својот прекрасен дом во Лос Анџелес во кој живее заедно со својот сопруг Чарли Мекдауел.

Заедно со дизајнерката Емили Фарнам, брачниот пар ја реновирале и декорирале старата куќа внесувајќи свои лични моменти. Лили ги пополнила полиците со винтиџ детски книги, а Чарли ја исполнил дневната соба со најразлични столови за кои има особена пасија.

Домот на Лили Колинс зрачи со една скандинавска топлина, би рекле, смирени кафено-бели земјени тонови и простор исполнет со симпатични детали – ламби, цвеќиња, книги, фотографии во рамки, украсни чинии, уметнички слики, и разни украси го красат овој светол и топол дом.

Лили го опишува нивниот внатрешен дизајн како: средновековната Калифорнија што ја пресретнува Скандинавија – филозофија што се протега низ целата куќа.

Фото: Justin Chung

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.