Есенската мода во знакот на тивкиот луксуз

Актуелните модни тендеции, за сезоната што доаѓа, велат дека тивкиот луксуз ќе биде доминантен.

Базичните, класични, безвременски парчиња ќе ја одбележат есента или оној преоден период кога температурите знаат да варираат.

Ова значи дека нема да гледаме силни бои и нагласени кроеви, се ќе биде суптилно и лесно за меѓусебно комбинирање.

Вакви примери најдовме кај познатата Инстаграм инфлуенсерка Клер Роуз, чијшто стил совршено  го отсликува тивкиот луксуз за претстојната есен.

Кога зборуваме за ваквиот начин на облекување можеме да дадеме дефиниција со еден збор – timeless, односно безвременски.

Тука во игра се неколку парчиња облека како класични фармерки, плетени џемпери, елечињата, панталоните, кошулите на риги, како и квалитетна голема чанта за се што ни е потребно.

Кратките јакни и мантилите секогаш си го наоѓаат своето место во есен, без разлика на актуелните трендови и во голема мера го олеснуваат креирањето на стајлингот.

Во продолжение мала доза на инспирација од Клер Роуз.

 

Фото: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.