Колекцијата пролет/лето на Меквин нè врати во 90-те

Креативниот директор на модната куќа Александар Меквин, Шон Мекгир ја претстави колекцијата пролет/лето на Париската модна недела.

Ирскиот дизејнер како да нè врати во 90-те и тогашната визија на Меквин, презентирајќи повторно романтика, лондонски крој, карнери и поѕирен црн фустан кој не остава многу на имагинацијата.

Целата колекција како да ја имаше ДНК-та на основачот, но низ призмата на младиот Мекгир.

Фустани во секоја замислива форма, блејзери во пар со елегантни кошули,  кожни парчиња, пердуви, светки и впечатливи додатоци се нижеа на модната писта потсетувајќи на едно минато.

Мекгир ни најави и враќање на гламурозните платформи, а моделите го актуелизираа тушот за очи, но овојпат во драматично тенка верзија.

 

Фото: Facebook/Diego Colombatto

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian