Селин Дион и Лејди Гага со заеднички настап ќе ја отворат Олимпијадата

По сè изгледа отворањето на Олимписките игри, коешто е закажно за утре 26-ти јули, ќе биде навистина грандиозно.

Според она што го пишуваат странските медиуми, честа да ја стартуваат Олимпијадата ќе ја имаат Селин Дион и Лејди Гага.

Моќната вокална двојка ќе ја испее познатата француска композиција”La Vie en Rose” од Едит Пјаф.

Ова ќе биде голем камбек на Дион, откако ѕвездата ја откажа светската турнеја во 2022-ра поради болеста.

Таа последно настапи во живо пред четири години во Њујорк.

Деновиве се појавија и фотографии од коишто може да се забележи дека Селин и Гага престојуваат во истиот хотел во Париз, Royal Monceau.

 

Како што наведуваат медиумите Дион ќе добие сума од два милиони евра за настапот и ќе носи розова креација со потпис на Диор.

Ѕвездите предизвикаа големо внимание во Париз, па така еден фан постираше и фотографија на којашто се гледа бело пијано, на мал лебдечки остров и жена која изгледа како Лејди Гага.

Нема да биде чудно доколку ја видиме пејачката токму таму на отворањето.

Фото: Pinterest

Фото:Getty Images

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.