Денешната среда е за црн макси фустан со бел точкест дезен и црвени детали, којшто ќе го комбинираме со црна ролка.
На овие две парчиња облека ќе додадеме црвени чизми од велур на потпетица и црна кожна јакна.
Стајлингот го заокружуваме со мини чанта во црно-кремави нијанси и ви посакуваме среќна среда.
Фото:Pinterest