Среќен роденден Голди Хоун

Таа е една од холивудските дами која и на 78 годишна возраст плени со својата харизма.

Голди Хоун е родена на денешен ден во Вашинготон, САД. Таа има англиско, германско и унгарско потекло, а воспитана е како еврејка.

Уште од најрана возраст покажува талент за танцување, а пред да стане актерка била балерина.

Покрај мега успешната актерска кариера која се протега низ речиси шест децении, Голди е позната и по долгата врска со актерот Курт Расел.

Во многу наврати има кажано дека за успешна врска нема потреба да се биде во брак, а тоа и го докажува повеќе од 40 години.

Хоун е многу блиска со нејзината ќерка Кејт Хадсон, која исто така е добро позната актерка, а со сегашниот партнер имаат еден заеднички син Вајат Расел.

Низ децениите Голди го менува својот стил, но останува доследна на бујната руса коса, а препознатлива е и по широката насмевка и слободниот дух.

И покрај тоа што се приближува кон осмата декада, Хоун и понатаму води активен живот и одржува одлична фигура.

Среќна 78-ка Голди!

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.