За овој четврток избравме убава црно со беж комбинација која е истовремено и кежуал и пригодна за деловен аутфит.
Црната боја е во совршен контраст со нежната беж боја, па така обичната црна памучна маичка на куси ракави идеално се вклопува со беж панталони со висок струк.
Надополнети со црна чанта и црни сандали на платформа ќе ви дадат удобност за денот што следи.
Ви посакуваме опуштен четврток!