Ѕирнете во домот на Одри Хепберн вреден 20 милиони евра

Модната икона Одри Хепберн е секогаш интересна тема за пишување. Врвен талент, беспрекорен стил, но и добро око кога станува збор за ентериер.

Денес ќе ѕирнеме токму во нејзниот дом, којшто се наоѓа во Швајцарија. Во оваа прекрасна куќа Одри поминала 30-на години од нејзиниот живот, а сега имотот е ставен на продажба по цена од 20 милиони евра.

Иако е реновирана во 2001-ва куќата се уште го има зачувано оној шарм од 18-от век којшто отсекогаш ја восхитувал актерката.

Зданието се наоѓа во мирно опкружување со бујно зеленило, нудејќи целосна приватност и уживање во природата.

Се состои од 12 спални соби, две внатрешни гаражи, базен, како и посебни апартмани за послугата.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian