Џемперите што мора да ги имате оваа сезона

Модниот свет постојано се враќа кон класиците, а оваа есен и зима едно нешто е сигурно, џемперите со црно-бели пруги се апсолутен хит.

Овие џемпери совршено ја комбинираат елеганцијата на црното и свежината на белото, создавајќи баланс кој лесно се вклопува и во лежерни и во поформални комбинации.

Може да ги носите со фармерки, панталони со висок струк, или дури и со здолништа- изборот е ваш, а стилот е загарантиран.

Од големи дизајнерски куќи до уличната мода, сите вклучуваат пругирани модели, во своите нови колекции. Особено популарни се предимензионираните џемпери со широки ракави и релаксиран крој, кои не само што изгледаат модерно, туку нудат и удобност во студените денови.

Ако барате парче кое лесно се комбинира, изгледа шик и никогаш не излегува од мода, црно- белиот џемпер на риги е вашата следна инвестиција.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian