Балконите можеби најчесто ги користиме во летниот период, но ова мало катче од домот може да биде еднакво магично и наесен. Се што треба да направиме е да ја употребиме нашата имагинација, а доколку немаме идеја, тука се секогаш онлајн предлозите.
Светилките се универзални за секое годишни време, како и меките перничиња. Летните цвеќиња ги заменуваме со есенски, а додаваме и по некој сезонски украс, како на пример тиквите и дуњите.
Мала масичка ќе заврши голема, работа, а кога надвор ќе засвежи добредојдени ќе бидат ќебенцата.
Разнобојните есенските лисја се дар од природата којшто можеме да го користиме како декорација, а балконот ќе биде уште потопол со малечок тепих.
На пример вака…
Фотo: Pinterest