Анук Ив е модна блогерка со потекло од Холандија, која на Инстаграм ја следат повеќе од 1,4 милиони следбеници.
Таа е препознатлива по својот минималистички стил со којшто докажува дека “помалку значи повеќе”, односно ја потвдрува познатата изрека “less is more”.
Анук го привлече вниманието на светската модна сцена со нејзините земјени тонови и базични парчиња облека како фармерки, монохроматски комбинации, едноставни кроеви…
Иако живее во Англија, таа постојано е во комуникација со модни блогери од Холандија, а за нејзиниот стил ќе каже дека е европски со сканди и француски шмек.
Преферира едноставност, но сака додатоци коишто се впечатливи. Ја привлекува андрогениот стил, обожува oversized џемпери и парчиња во кои се чуствува комотно.
Анук ги советува своите следбеници да инвестираат во облека од квалитетен материјал, за да им трае што подолго.
Во продолжение дел од нејзините прекрасни комбинации.
Фото: Instagram