Вегански палачинки од лен

За денес пронајдовме вкусен и здрав рецепт на Инстаграм профилот @plantbased_dunja, којшто веруваме дека ќе им се допадне на многумина.

Палачинки од лен – одличен избор за вегани и сите оние кои сакаат палачинки. Ленот, доколку не сте знаеле, може да се користи како замена за јајца во многу јадења.

Богат е со влакна и омега-3 масни киселини што го прави многу хранлив.

Кога ќе се спои со вода, се добива желатинозна смеса и токму поради тоа ги заменува јајцата во рецепти за колачи, леб и слично.

Како да ги подготвите?

Изблендирајте го лененото семе во блендерот, а потоа додадете млака вода во смесата. На една лажица лен се додаваат три лажици вода.

Оставете малку да отстои, а потоа во блендерот додадете веганска алтернатива за мед, една банана и малку сол.

Откако ќе ги испечете во тавче можете да ги засладите со веганска чоколада и овошје по желба.

Уживајте!

Фото: Instagram, Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.