Во главниот град на Холандија се наоѓа еден интересен ресторан во којшто главна улога има сирењето.Kaasbar е вистински рај за сите љубители на овој деликатес, којшто може да се комбинира на многу креативни начини.
Од пикантни и ароматични, до ултра солени и слатки, тука секој може да го пронајде својот вкус, но и да биде изненаден од разновидноста на сирењето.
Kaasbar нуди повеќе од 30 видови на сирење, внимателно одбрани од локалните производители. Она што е навистина интересно е концептот со подвижни ленти од коишто можете, додека го пиете вашето вино, да си одберете и сирење.
Може да го јадете со грозје, маслинки, тартуфи, колбаси, крекери или она што ќе ви препорачаат вработените кои се вистински познавачи на сирењето.
Освен тоа на менитo има и разни типови на фонду (стопено сирење), од класични па се до деликатесни верзии со тартуфи.
Сирењето е составен дел и од десертите, како на пример во чизкејк или сладолед од сино сирење.
Па, доколку патот ве однесе во овој град, Kaasbar нека биде на вашата must-visit листа.
Фото: Instagram