Сезоната на награди официјално започна. Њујорк ги собра уште еднаш холивудските ѕвезди, овој пат за доделувањето на Готам наградите, коишто им оддават признанија на најдобрите остварувања во областа на филмот и телевизијата во САД.
Интересно е што токму овие награди се мал предвесник на оскарите, па така според нив може да претпоставиме кои филмови и актери ќе се закитат со најпрестижната награда.
На церемонијата специјални награди добија Анџелина Џоли за нејзиниот преформанс во биографскиот филм Maria како и Зендаја за улогата во Challengers.
Црвениот тепих изобилуваше со креативни модни решенија, перфектно скроени за силуетите на прекрасните дами.
Во продолжение ги гледаме најдобрите креации.
Фото: Facebook, Instagram