Долгогодишната посветеност на ЕЛЕНА ЛУКА за инклузивно општество и почитување и прифаќање на различностите беше крунисана со високото признание за Лидерство за различности на првите „Ability awards 2024“ кои се одржаа во земјава. Во својата моќна порака која таа ја испрати пред присутните ја истакна важноста за тоа да се насочиме кон градење на мостови, а не на бариери, потенцирајќи дека добиеното признание го смета за прифаќање и возвраќање на љубовта.
„Многу сум среќна што ЕЛЕНА ЛУКА го доби ова признание, не го третирам како личен успех или успех на мојот тим, туку тоа е успех на заедницата, затоа што со заеднички напори правиме поместување кон инклузивна заедница и развој, а веќе првите резултати се видливи. Лично мене најмногу ме прави среќна наградата затоа што ова го сметам како прифаќање, а воедно и возвраќање на љубовта која ЕЛЕНА ЛУКА со години им ја дава на нашите специјални пријатели и е едно големо ветување дека и понатаму ќе работиме на уште многу модни ревии и ќе креираме мода, убави настани и нови вработувања како и платформи кои ќе овозможат поединецот да го даде максимумот од својот капацитет. Во сето она што го работиме секогаш мислиме на заедницата и на позитивната инфлуенца од сработеното. Имаме едно мото , а тоа е дека не е битно колку ќе заработите, туку е битно колку ќе го подобрите животот на другите. Нашата цел е да градиме мостови помеѓу луѓето, а не бариери, да градиме општество каде ќе се чуе гласот на секој и ќе се вреднува поединецот. Правиме селекција на проектите кои ќе ги работиме за да може да се подобри заедницата и општеството во целина. “- истакна ЕЛЕНА ЛУКА.
Повеќе од дваесет години ЕЛЕНА ЛУКА е посветена на инклузија преку вработување на лица со попреченост и отворање можност да се покаже нивниот талент, како и поддршка на различни здруженија кои ја помагаат инклузијата во општеството на лицата со попреченост. ЕЛЕНА ЛУКА многупати била организатор на модни ревии каде специјално се дизајнирани креации за лица со попреченост, со цел да се истакне дека убавината е во различноста.
Сите овие важни активности за одговорност кон заедницата беа препознаени и од присутните гости, меѓу кои беше и Амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер, кој го сподели своето мислење за состојбата на лицата со попреченост во земјава и за важноста на корпоративната општествена одговорност на компаниите во поддршка на различностите.
„Овој настан вечерва е охрабрувачки знак во однос на инклузијата на лицата со попреченост. Во Северна Македонија постојат напори и законски решенија, но главен проблем е финансискиот аспект. Има голема свесност за инклузија за социјални и здравствени прашања, имате одлични доктори, вие сте добри, великодушни луѓе, но на земјата и недостигаат финансиски средства на секое поле, особено во секторот на здравствена заштита и социјални работи. Одлично е што Северна Македонија има моден бренд како ЕЛЕНА ЛУКА, ја користам оваа прилика да и посакам на бизнис план пред сѐ во контекст на модата, во контекст на корпоративна општествена одговорност сѐ најдобро. “– истакна Мартин Памер- амбасадор на Австрија во Македонија.
Настанот кој имаше за цел да промовира заедничка посветеност кон создавање на општество каде што секој има еднаква можност да сјае, на едно место ги собра лицата со попреченост кои ги споделија своите инспиративни приказни за успех, а меѓу нив беше и Арбреша Влаши која емотивно зборуваше за својот предизвик кој ја прави посилна.
„Ова признание значи дека навистина сум била на добар пат, овој пат треба да го следат уште многу личности кои имале страв да се борат во општеството, и да се соочуваат со препреките. Вечерва емоциите ми беа толку реални, одамна немав чувствувано толку емоции, се чувствував многу исполнета кога некој ја цени мојата работа и мојот труд.“– вели Арбреша која како претседавач на Советот на Општина Струга која ја доби наградата за најдобра во јавниот сектор.
Меѓу гостите на гала настанот беше и професорката Татјана Алексиќ која носеше софистициран црн модел на етаблираниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Таа дека посочи дека инклузијата не е само обврска, туку можност за создавање на општество кое ја вреднува различноста како своја најголема сила.
„Подобро за човештвото е кога неговата основна фундаментална идеологија, а тоа е хуманоста се реализира во секојдневието, а каде е хуманоста тука е и ЕЛЕНА ЛУКА. Јас впрочем ЕЛЕНА ЛУКА ја знам преку нејзиниот прв хуманитарен настан, хуманитарна ревија и од тогаш ја засакав. Жената знае да ги спојува нештата, некогаш знам да кажам ја гради модата веќе две децении наназад и е еден исклучителен македонски бренд. Таа создава и во градежниот сектор, значи на два фронта, каде се гледа и креативноста и она што е најважно кај неа, а тоа е да направи добробит за луѓето, за општеството.“– нагласи професорката Татјана Алексиќ.
Организатори на„Ability awards 2024“ кои се одржаа на 3 декември- меѓународниот ден на лицата со попреченост беа претставниците на „Best online Assistant“ и истите истакнаа дека нивната инспирација и цел е да се унапреди инклузијата на лицата со попреченост во земјава, како и да се доделат соодветни признанија за сите борци за еднаквост и прифаќање на различностите.