Бидејќи на светот му треба повеќе убавина.
А ЕЛЕНА ЛУКА речиси две децении светот го прави поубав.
2023 година, етаблираниот моден бренд успешно ја заокружи со два нови ексклузивни продажни салони во Скопје и Тетово.
Новиот showroom во Тетово, со концепт и изглед по светски стандарди, беше официјално отворен со спектакуларна модна ревија која беше една перфектна рефлексија на уметноста, уникатноста и гламурот што ЕЛЕНА ЛУКА го креира со години, а со тоа се надоврза на својата основна мисија, да ни ја понуди убавината што на сите ни е неопходна.
View this post on Instagram
Дамата која беспоштедно се вложува ЕЛЕНА ЛУКА секогаш да остане доследна на својата мисија и која го профилираше модниот бренд како светски, сопственичката и генерален менаџер Елена Пандева, уште еднаш покажа што значи професионално и до перфекција реализиран настан, со кој се најави едно ново значајно поглавје за модниот бренд.
– Знам дека сме направиле нешто навистина вонсериско кога реакциите на публиката тоа искрено го покажуваат. А реакциите беа фантастични и ќе го искористам моментот уште еднаш да се заблагодарам на сите драги пријатели на ЕЛЕНА ЛУКА што со своето присуство го направија настанот комплетен… ЕЛЕНА ЛУКА отвори нова, многу значајна страница во својата приказна која знам дека ќе донесе многу нови успеси и нови пријателства. Тетово добива нов моден центар што тука ќе ги донесе светските модни тенденции, а публиката овде тоа го препознава и почитува, што за мене е исклучително значајно, потенцира г-ѓа Елена Пандева.
Со импресивна модна ревија, го најави отворањето на новиот ексклузивен продажен салон на одлична локација во центарот на Тетово, во трговскиот центар Ремол.
View this post on Instagram
Продефилираа над 70 волшебни дизајнерски креации, што воодушевуваа со препознатливиот моден сензибилитет на ЕЛЕНА ЛУКА.
Раскош и убавина во своето најсовршено издание, беа прикажани преку еден перфектно осмислен концепт, сместен во бајковит амбиент.
Гламурозни свечени тоалети, деликатни кроеви, богата рачна изработка, фантастични такаенини, атрактивни и светски дизајни, ја креираа модната приказна која долго ќе се раскажува.
А кога пред вас ќе се отворат вратите на новиот showroom на ЕЛЕНА ЛУКА, всушност пред вас се отвора еден нов возбудлив свет во кој модата е суштинска и свет во кој модата е универзален јазик што сите нè поврзува. Во овој свет на ЕЛЕНА ЛУКА ве води чувството на беспрекорност и префинетост, што ќе ги забележите во секој најситен детаљ, од перфектната изработка на моделите, до совршено осмислениот амбиент во кој секој модел има посебно место со своја приказна.
На 400 метри квадратни, во ентериер што го говори јазикот на уметноста, луксузен и гламуросен од секој аспект, изложени се одбрани селекции на уникатни дизајнерски парчиња што го носат неповторливиот моден израз на ЕЛЕНА ЛУКА.
Од раскошни венчаници, гламурозни свечени тоалети до уникатни ready-to-wear колекции, новиот продажен салон на ЕЛЕНА ЛУКА во Тетово, е олицетворение на сите квалитети на ЕЛЕНА ЛУКА.
– Како бренд секогаш внимаваме приказната да биде комплетна. А тоа подразбира совршено синхорнизирана естетика и во модна и во архитектонска смисла. Морам да признаам дека навистина се потрудивме дизајнот на ентериерот на новиот продажен салон овде во Тетово, да соодветствува на уникатната и моќна естетика на модните дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА. А резултатот го видовте, сметам дека изгледа светски и го носи препрознатливиот карактер на брендот. На површина од дури 400м2, ЕЛЕНА ЛУКА ќе ракаже една досега невидена, ексклузивна приказна со програм кој ќе вклучува луксузни, а истовремено модерни дизајнерски парчиња, свечени тоалети, уникатни колекции и раскошни венчаници, затоа што публиката овде тоа го заслужува. Секој програм ќе си има свое посебно место во салонот, што ќе биде и посебно доживување за клиентите, вели г-ѓа Елена Пандева.
А со посебна магија е облагороден просторот што е посветен исклучително на идните невести. Венчаници како од сказна, во бајковит и романтичен раскошен амбиент.
-Невестите секогаш заслужуваат посебно внимание, а ЕЛЕНА ЛУКА е докажана како бренд кој исклучително внимава на третманот на своите клиенти. Токму од таа причина, во новиот продажен салон, еден посебен сегмент ексклузивно е посветен на идните невести. Не само од аспект на тоа за нив да креираме перфектна венчаница, туку и да уживаат во целиот процес, со максимално професионален пристап од страна на тимот на ЕЛЕНА ЛУКА, потенцира дамата која го предводи брендот.
Во однос на актуелните тенденции за 2024 година за венчални фустани, изборот во ЕЛЕНА ЛУКА е навистина раскошен и гламурозен. Карактеристично за ЕЛЕНА ЛУКА како бренд е што секоја венчаница е уникатна со свој карактер и печат, исто како и невестата која ќе го носи на најзначајниот ден во животот.
Меѓу тенденциите за претстојната сезона се вначаниците со гламурозна естетика, изработени од луксузни ткаенини, во волуменозни кроеви со корсет во горниот дел со голи рамена, но и такви модели кај кој главниот акцент е токму на рамената, кои што се нагласени и впечатливи.
Друга тенденција, а која се смета и за безвременска класика, се романтичните венчаници во посмирени кроеви, што ја следат силуетата, но се изработени од исклучително ексклузивна француска тантела која им дава голема доза на гламур и луксуз.
Играта со кроевите е секогаш атрактивна кога се во прашање венчаниците, па ЕЛЕНА ЛУКА покрај тоа што во својот избор вклучува макси венчаници, застапени се и во миди-дамски или мини должини што се секогаш една интересна алтернатива за невестите кои сакаат поинаков невестински изглед.
Она на што ставивме посебен акцент во новата колекција, се атрактивните наметки како моден додаток со што се постигнува фантастичен стилски и моќен ефект.
Покрај готовите модели на венчаници, секогаш во ЕЛЕНА ЛУКА главен фокус и на custom made ексклузивните венчаници, изработени по мерка, кои се една посебна модна димензија и се на ниво на уметничко дело со сентиментална вредност за секоја невеста.
ЕЛЕНА ЛУКА уште еднаш докажа дека е бренд со безвременски квалитет, секогаш пред времето, предводник на тенденциите, бренд што ни ја дарува убавината во нејзината најсовршена форма.
Среќни празници ви посакува ЕЛЕНА ЛУКА!