Есен во канцеларија

Деловниот стајлинг секогаш е интересна тема на дискусија. Секое годишно време носи свои предизвици, а есента е позната по слоевитиот аутфит.

Од дома не излегуваме без топло парче облека, а доколку денот изненади позитивно со нас имаме и потенка варијанта.

Блејзерите, мантилите, џемперите, па и капутите ги комбинираме најчесто со панталони, а кога сакаме поголема елеганција тука се здолништето и хулахопките.

Чизмите ги ставаме во игра, заедно со мокасинките, високите потпетици и балетанките.

Деловната облека најчесто подразбира неутрални тонови, па затоа и оваа есен одиме во таа насока.

Модните додатоци се посебна приказна, која ја оставаме на вас.

Еве како изгледа нашата мала галерија за есен во канцеларија.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.