Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец, кој е симбол на македонскиот идентитет и култура, оваа година слави голем јубилеј – 75 години од своето основање. Во рамки на овој значаен настан, ансамблот одржа серија концерти како дома, така и надвор од границите на Македонија.
Како круна на оваа јубилејна сезона, Танец го најавува својот последен, централен свечен концерт, кој ќе се одржи на 22 декември 2024 година (недела) во Националната опера и балет, со почеток во 19:00 часот.
Публиката ќе има уникатна прилика да ужива во музичко-сценските бисери од богатата фолклорна традиција на Танец, кои датираат од различни периоди на неговото постоење.
На програмата се некои од најпознатите и најубави ора и кореографски композиции, како што се „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Два танца“, „Џамала“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „К’лц нога“, „Копачка“, „Беломорски бисер“, „Малешевка“, „Радовишки собор“, и многу други вокални и вокално-инструментални точки, кои ќе бидат изведени од вонсериските уметници на ансамблот Танец.