Зелени нијанси на ѕидовите за вистинско опуштање во домот

При уредувањето на еден дом, а особено при клучните одлуки за бојадисување на ѕидовите кои се основата на подоцнежното дизајнирање, повеќето луѓе одат на најсигурната варијанта – белата боја.

Додавањето на боја во домот може позитивно да влијае на нашето расположение, па затоа ние денес се одлучивме за зеленета боја.

Научно е докажано дека зелената боја делува смирувачки и има позитивно влијание на нашето ментално здравје. Со самото тоа што зелената боја е заштитен знак на природата што нѐ опкружува, бојадисувањето на домот во некоја од зелените нијанси ќе ги одмора нашите очи и ќе делува смирувачки на нашиот нервен систем.

Ви издвоивме доза ентериерна инспирација во зелена боја за да ве поттикнеме на позитивна промена во вашиот дом што не чини многу пари, а може да ви го збогати секојдневието.

Без разлика дали станува збор за темно зелена боја како борова шума или пак, светло зелена која внесува неверојатна свежина, па сѐ до оние бледи резеда нијанси, нема да погрешите при изборот.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.