Удобноста кај облеката е од голема важност, а кога зборуваме тоа мислиме на хеланките.
Иако можеби не ги замислуваме како парче облека за излегување, ако правилно ги стилизираме добиваме моден погодок.
Со хеланките имаме спортски, елегантен или спортско-елегантен аутфит во зависност од тоа со што ги комбинираме.
Црните хеланки се најчест избор, а веќе одамна знаеме дека високите чизми се нивен најдобар пријател.
Кога се одлучувате за хеланки, секогаш одбирајте квалитетени и подебели, а за чизмите, тие можат да бидат рамни или на потпетица, во зависност од приликата.
Спортскиот аутфит може да го дополните со елегантна чанта, а ако се решите за хеланки и балетанки додадете и oversized блејзер.
Патиките се секогаш добредојдени, а најдобро ќе се сложат со дуксерите.
Еве како ги носиме хеланките во есен.
Фото: Pinterest