Капа и шал – стилски пар за студените денови

Студените денови се веќе тука, а со тоа и потребата да се облечеме во топла облека. Покрај јакните и капутите, има уште едно моќно дуо коешто нè топли – капа и шал.

Овие две парчиња облека покрај функционалноста се и одлични модни додатоци. Можат да ја разубават секоја комбинација и да одговорат на прашањето каков е нашиот стил.

Плетените капи и шалови се секогаш вистински избор. Во зависност од модните преференции носиме и спортски капчиња, качкети, а со шалот можеме да си играме на безброј начини.

Комбинации има многу – од монохроматски до разнобојни, ваше е само да одберете.

Нашата мала галерија е секогаш тука за вас.

 

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.