Во лето, кога времето е навистина многу топло како сега, сите сакаме поедноставна храна и храна која се подготвува брзо. Затоа за денес ви предложуваме вкусен и многу лесен за подготовка – капрезе тост.
Кога збориме, пак, за лето, една од најголемите асоцијации ни е се доматите, и во овој тост-сендвич се главната состојка. За да го подготвите капрезе тостот потребни ви се леб, моцарела, домати, босилек, маслиново масло, сол, бибер и балсамико оцет.
Постапката е многу едноставна, а започнува со тостирање на парчињата леб. Одозгора на веќе крцкавиот и топол леб ќе ставите парчиња моцарела кои перфектно ќе се растопат, а врз нив парчињата свеж домат. Полијте со маслиново масло, додајте сол, бибер и ливчиња босилек, а финиширајте со неколку капки балсамико оцет и имате подготвен оброк кој може да го конзумирате за појадок, вечера или ужинка.
На здравје!