Направете место за блејзерот

Со доаѓањето на есента на сцена стапува и блејзерот. Речиси и да не можеме да ги замислиме деловните комбинации без тоа безвременско парче облека.

Она што го прави незаменливо е неговата елеганција, урбан шмек и компатибилноста со речиси се.

Одлични се со џинс, панталони, здолништа… Ги носиме со патики, сандали, балетанки, а кога температурите ќе паднат ги вклучуваме и чизмите.

Затоа и оваа есен ќе отстапиме место на блејзерите, црните, сивите, кремастите, оние во стилот на Шанел, широките, елегантните и сите оние кои добро ќе ни стојат.

И оваа сезона направете место за блејзерот.


Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.