Бојата на чоколадата нè грее кога есенските денови ќе натежнат.
Таа има некоја посебна смирувачка моќ, а истовремено е елегантна, софистицирана и дава стилска тежина на секој аутфит.
Кафавите нијанси секогаш играат главна улога, а одлично друштво им прават сивите тонови.
Ги комбинираме и со кремави варијанти, црна класика, како и со сини нијанси.
Особено ги сакаме кај чизмите, капутите и јакните, а знаеме да ги носиме и во форма на додатоци како ремен, чанта, накит или марама.
Нека и оваа есен раскаже убава стилска приказна – направете место за чоколадните нијанси.
Фото: Pinterest