На денешен ден е родена Бела Хадид

Таа е една од најпопуларните модели на денешницата, со огромен број на фанови по социјалните мрежи.

Бела Хадид е родена на денешен ден, 9-ти октомври пред 28 години во Вашингтон. Нејзината мајка Јоланда Хадид, поранешен модел, е по потекло од Холандија, додека татко и Мухамед Хадид, кој е од Палестина работи со недвижнини.

Особено е популарна со нејзините мејкап видеа и по стилот којшто е инспирација за многу млади девојки.

Бела ја започнува нејзината кариера како модел на 16 години. Се има појавено на вкупно 35 насловни на Вог ширум светот, а магазинот Time лани ја стави на листата 100 највлијателни личности во светот.

Од 2018 година па наваму таа е една од најплатените модели на глобално ниво.

Препознатлива е по својата темна коса и светлите очи, а вљубеник е во црната боја која и е избор број еден за на црвениот тепих.

Бела е исто така и одличен јавач на коњи, а како тинејџер имала амбиции да биде дел од олимпискиот тим.

Таа е амбасадор на Dior Makeup, а годинава основаше и свој бренд за убавина Orebella, претставувајќи три парфеми.

Хадид има и постара сестра Џиџи, која е исто така модел. Од 2015 до 2019, Бела беше заедно со канадскиот изведувач Викенд, а врската предизвика големо медиумско внимание.

Издвојуваме неколку нејзини впечатливи изданија.

Среќен роденден Бела.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.