На 27 септември започнува овогодинешното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“

На 27 септември (петок) започнува овогодинешното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“. За разлика од минатите години, локацијата е малку променета, а фестивалот ќе се одржи во Кулпарк (пред КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ (до пред неколку години позната како „Звуците на чаршијата“), и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња. Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на UpBeat – Best New Talent Award – ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и world music проектот КАЛЕВАЛА (DIES BONA). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.

„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.

Влезот за целата програма е бесплатен.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.