Неодолив минималистички стан во којшто преовладува белата боја

Оние кои сакаат  чисти линии, минималистички стил и бела боја во овој модерен стан ќе ја пронајдат својата инспирација.

Зад уредувањето на овој неодолив дом стои Нора Нилпферд од Келн, Германија. Целиот стан е исполнет со природна сончева светлина и дрвени елементи, а насекаде доминира бела боја.

Просторот го освежуваат цветни аранжмани, додека ѕидовите се украсени со прекрасни уметнички слики.

Се тука се чини неверојатно складно и суптилно, а во исто време има изобилство од детали кои даваат една романтична нота.

Интересен факт е тоа што во секоја соба има различни лустери од модерен дизајн којшто одлично го дополнуваат домот.

Кремавата боја на прекривките и завесите дозирано ја разбива белата нијанса, а теписите од јута пак совршено се комбинираат со подот од светло дрво.

Вистинска инспирација за вљубениците во елегантната едноставност.

Фото: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.