Петок во црвен фустан со точки

Петоците се секогаш резервирани за опуштено издание во пресрет на викендот.

За денес избравме широк црвен фустан со бели точки, со суптилен шлиц од страната, ластик на средина за дефинирање на струкот, нежно деколте и кратки набрани кратки ракавчиња.

Надополнуваме со ниски бели патики, црвена мини ташна со долга рачка и црвени очила за сонце.

Ви посакуваме убав и радосен ден!

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.