За последниот работен ден од оваа декемвриска недела имаме урбан зимски аутфит. Со оглед на тоа дека ни следи продолжен викенд, многумина ќе отпатуваат некаде каде што има снег.
Затоа за денес имаме џинс и тексас кошула врз која носиме џемпер во беж нијанса. Се стоплуваме со крем капут и плетена капа во темно сина боја.
Петочкиот стајлинг го дополнуваме со чизми на врвки во светло кафена боја и ракавици во ист тон.
Ви посакуваме убав продолжен викенд.
Фото: Pinterest