Сара Бартон е новата креативна директорка на Живанши

Француската модна куќа Живанши го избра својот нов креативен директор, а нејзиното име е Сара Бартон.

Пред да стапи на оваа функција Бартон работеше за Александар Меквин и тоа го правеше исклучително добро.

Брендот освен што беше близок на нејзината естетика, Сара се поврзуваше за него и по британската жичка.

За нејзиното доаѓање на оваа позиција претседателот на одборот на Живанши, Сидни Толедо кажа само пофални зборови:

Нејзиниот единствен пристап кон модата ќе има непроценлива вредност за оваа легендарна модна куќа, позната по поместување на границите.

Како што наведуваат од Живанши, Сара ќе биде дизајнерка и креативна директорка на женските, но и на машките колекции.

Таа и самата изјави дека многу се радува што ќе биде дел на една голема модна приказна и што ќе може да ја донесе својата визија и сензибилитет кај брендот.

Првата колекција со потпис на Бартон ќе биде прикажана на Париската модна недела во март следната година.

Фото: Pinterest, Facebook

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.