Селин Дион со премиера на документарецот I am:Celine Dion за нејзината борба со реткиот синдром

Селин Дион имаше неколку појавувања во јавноста откако во 2022 година откри дека ѝ бил дијагностициран редок синдром на вкочанета личност (stiff-person syndrome), ретко невролошко нарушување. Таа се појави во Њујорк во понеделникот вечерта за премиерното прикажување на нејзиниот долго очекуван Prime Video документарец, “Јас сум: Селин Дион” (I Am:Celine Dion), кој ја прикажува нејзината борба со оваа состојба.

“Ова е убедливо најголемата публика што сум ја ималa во последните неколку години”, рече Дион во говорот пред присутните гости како Гејл Кинг и Лаверн Кокс на премиерата, одржана во салата Алис Тали во Линколн Центарот. „Многу сум горда што сум овде вечерва за да го споделам овој филм со вас”, додаде таа.

Дион, која нема настапувано од 2020 година, одржа емотивен 10-минутен говор пред почетокот на филмот, заблагодарувајќи им се на режисерката на документарецот, Ајрин Тејлор Бродски и нејзиниот невролог, д-р Аманда Пике, за „решавањето на мистеријата” за нејзиното здравје и помагајќи ѝ да се справува со нејзината состојба. „Таа го замени мојот страв со надеж”, рече Дион за најзината докторка. Таа потоа им се заблагодари и на својот 23 годишен син Рене-Шарл, кој стоеше на сцената во близина, и на нејзините 13 годишни близнаци Нелсон и Еди за нивната секојдневна љубов и поддршка.

Кога им се заблагодари на своите фанови, Дион почна да плаче. „Ви благодарам на сите од срце што бевте дел од моето патување. Овој филм е моето љубовно писмо до секој од вас. Се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно”, заврши таа, при што следеа овации и громогласен аплауз.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.