Симон Роча ги спои готиката и романтиката во бајковита колекција

На модната недела во Лондон, колекцијата пролет/лето 2025 на Симон Роча остави одличен впечаток.

Иако малку поразлична од очекуваните oversezed парчиња, дизајнерката овој пат покажа дека спојот на готската естетика и романтичната нишка може да создаде ремек дела.

Моделите кои продефилираа на пистата носеа креации коишто на прв поглед изгледаа како незавршени.

Шоуто под палката на Симон изгледаше како бајка во која главна улога имаа црната и розовата боја, на коишто се надоврзуваше и светло црвната.

Тулот и туту здолништата доминираа заедно со везените цветови од циркони, високите чорапи, лесните и провидни материјали, дополнети со впечатлив накит.

Симон ни прикажа и доза на панк естетика рамо до рамо со ултра женствени решенија, а како беше реализирана нејзината замисла…во продолжение.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.