Сина боја за смиреност во домот

Сината боја е основна боја и се смета за една од студените бои во палетата. Првите асоцијации кои ги врзуваме за сината боја се морето и небото кои ни внесуваат спокој.

Кога зборуваме за симболиката на боите, сината боја симболизира спокојство, стабилност, инспирација и мудрост.

А кога станува збор за ентериерно уредување, сината боја иако е доста “студена” и специфична, може да ни даде чувство на сигурност и удобност, и да го “обои” просторот во кој живееме со свежина.

Сите нијанси на сината боја се погодни за уредувањето на еден дом, зависно од тоа што сакате да постигнете во некоја од просториите. Пример, за дневната соба може да изберете некоја појака и похрабра нијанса, а додека пак, за спалната соба, може да се одлучите за некоја светла и нежна сина боја со пригушен тон што нема да ви пречи на очите пред спиење, или пак, некоја потемна нијанса.

Доколку не сте сигурни во изборот на бојата, започнете со бојадисување само на ѕидовите, а за оние похрабрите, може да ја вклучите сината боја и во дел од мебелот. Исто така, сината боја оди одлично во комбинација со многу бои, па слободно впуштете се во авантура и направете си комбинации по свој вкус.

Ние ви издвоивме повеќе примери за сина боја во ентериерот што можеби ќе ве инспирираат за вашето следно реновирање.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.