Eсенските бои имаат посебна магија, а една од нив е сочната нијанса на тиквата. Таа носи насмевка и добро расположение, нè разгалува со ведрината и затоа е една од омилените.
Во која нијанса и да ја носиме, оваа боја секогаш има што да раскаже. Тука е како потсетник за моќта на природата, за празниците што следат и за тоа дека ова годишно време има неодолив шарм.
Од капути и јакни, па сè до џемпери и здолништа ја сретнуваме на секое парче облека.
Шал, капа или марама – доволно е сосем малку за одлична стилска игра.
Вака изгледа прекрасната есен во бојата на тиквата.
Фото:Pinterest