Среда е ден за елеганција во црна и кафеава боја. Овие две навидум неспоиви нијанси, умеат да создадат уникатна софистицирност ако паметно ги комбинираме.
Предложуваме елегантни црни панталони со широк крој во долниот дел и црна долчевита. Вака стилизирани дополнуваме со кафеав капут со завратени ракави.
Финишираме со долги, црни, кожни ракавици, црна чанта и чизми.
Ви посакуваме среќна среда.
Фото: Pinterest