Чевлите што ги носеше Дороти во Волшебникот од Оз продадени за рекордни 26 милиони евра

Легендарните црвени чевли што ги носеше Џуди Гарланд во филмот Волшебникот од Оз се продадоа за рекордни 26,5 милиони евра.

Светкавите чевли што ја донесоа Дороти дома во хитот од 1939-та година беа купени од анонимен купувач.

Вкупниот износ вклучувајќи ги даноците, надминува 30 милиони евра со што официјално чевлите се најскапиот предмет што бил некогаш продаден на аукција.

Тие го надминаа и белиот фустан што Мерилин Монро го носеше во филмот од 1955-та, The Seven Year Itch.

Според оригиналната приказна од книгата светкавите чевлички биле сребрени, но за потребите на филмот била одбрана црвена боја како би се истакнале повеќе на жолтата патека.

Се претпоставува дека постојат уште неколку вакви пара. За два се знае дека се наоѓаат во различни музеи во САД, а еден го поседува приватен колекционер.

Сепак точната бројка на чевли што била искористени за филмот не е позната.

Фотo:Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian