Викендов во Лос Анџелес се случи уште еден црвен тепих, каде што зачекорија познатите од светот на филмот, модата и холивудската елита.
Годинешната Academy Museum Gala, којашто се одржа по четврти пат, се смета за еквивалент на Мет Галата во смисла на одличен избор на креации од познати дизајнери.
Иако самиот настан се одржа зад затворени врати, црвениот тепих беше можност да се посведочи на гламурозни и софистицирани тоалети.
Academy Museum Gala се одржува со цел да се соберат пати за музејски изложби, едукативни содржини и програми од областа на филмот.
Годинава настанот им додели признанија на Квентин Тарантино, Пол Мескал и актерката Рита Морена за нивните достигнувања во филмската индустрија.
Пред камерите позираа голем број на познати лица како Никол Кидман, Деми Мур, Аријана Гранде, Кара Делевињ, Ким Кардашија, Кендал Џенер…
Доминираше црната боја како и обично, заедно со едноставни кроеви и сензуални силуети.
Галеријата во продолжение.
Фото: AP Images