Јелена Ѓоковиќ ненаметливо елегантна на Австралија Опен 2025

На четвртфиналето на Австралија Опен 2025, покрај квалитетниот тенис каде Новак Ѓоковиќ го совлада 16 години помладиот Карлос Алкараз, вниманието го привлече и беспрекорниот стил на Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ.

Со својот изглед на трибините, Јелена докажа дека скапоцените модни парчиња можат да се носат со ненаметлива елеганција и доза на лежерност.

За овој значаен меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, Јелена избра софистицирано сако од Dior во боја на слонова коска, украсено со златни копчиња, што додадоа луксузна нота на нејзиниот изглед. Комбинацијата беше дополнета со рачен часовник од престижниот бренд на луксузни часовници Audemars Piguet, чија цена достигнува и до 50.000 евра, како и елегантна Cartier нараквица.

Дел од нејзиниот стајлинг беа и  златни обетки во цветна форма, како и дискретни златни прстени. И покрај скапоцените детали, сè изгледаше совршено одмерено и хармонично.

Јелена, која често преферира природен изглед, и овој пат остана доследна на својот стил. Со минимална шминка, широка насмевка и автентичен шарм, таа повторно го освои вниманието на модните ентузијасти.

Претходно, Јелена присуствуваше и на осминафиналниот меч на нејзиниот сопруг, придружувана од нивниот син Стефан. За таа прилика, таа избра лежерен изглед во целосно сина комбинација, тексас фармерки и широка раскопчана кошула, дополнет со Ray-Ban очила за сонце и златен накит.

Со овие стајлинзи, Јелена Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека умее да креира совршен баланс помеѓу луксузот и едноставноста.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian