6 трендови на деним кои ќе ја одбележат 2025 година

Модните писти го кажаа своето, а тоа е дека 2025 година ќе биде уште една значајна година за денимот. Дизајнерите си поиграа со овој основен гардеробен елемент, воведувајќи свежи пристапи кои комбинираат безвременска привлечност со иновативен дизајн.

Во прилог издвојуваме шест трендови кои ќе доминираат во претстојната година, нудејќи по нешто за секој љубител на деним.

Деним како облека за релаксација

Дизајнерот Метју Блази, за време на неговата работа во Ботега Венета, беше познат по уникатниот пристап кон денимот. За пролетната сезона, тој претстави опуштени силуети, комбинирани со широки кошули, кои се полесни и пофлексибилни од класичниот деним. Овие лесни и удобни парчиња ја истакнаа идејата дека фармерките, особено оние удобните можат да бидат совршен избор за облека за релаксација.

Широк деним

Широките фармерки остануваат во центарот на модната сцена, а дизајнерите сè повеќе ја нагласуваат удобноста и лесниот стил. Широкиот деним останува доминантен, често комбиниран со додатоци како ремени за да се унапреди стилот. Гучи ја прифати оваа тенденција со широки фармерки, стилизирани со тенки ремени, топ маици и драматични долги палта. Без разлика дали се комбинираат за свечени или лежерни прилики, широките фармерки со ремен нудат совршен баланс на удобност и елеганција.

Впечатливи јакни од деним

2025 година ќе биде година на впечатливи јакни од деним. Дизајнерите го трансформираат овој основен елемент во нешто навистина посебно. Симон Роча воведе скулптурни индиго парчиња украсени со карактеристични кристални детали, додавајќи гламурозен пресврт на класичната јакна.

Креативен деним

Денимот во 2025 ќе биде во фокусот и кога забавите доаѓаат во прашање. Ова го потенцираше дизајнерката Стела Мекартни. Нејзините креации вклучуваат кошули и фармерки со кристали кои блескаат со софистицираност, повторно покажувајќи како денимот може да се истакне. Ако сакате да внесете личен допир во вашата колекција, кристалите се вистинскиот избор за тоа.

Темен деним 

Темните нијанси се голем тренд во 2025 година, со длабоки индиго, црни и јаглен тонови кои го заземаат врвот. Овие мистериозни нијанси носат поинакво чувство од класичниот деним, нудејќи разноврсност и елеганција. Шанел презентираше луксузна верзија на овој тренд со украсени фармерки, комбинирани со јакни дополнети со драматични црни панделки на јаките. Контрастните шевови додаваат допир на детали, додека целокупниот изглед останува префинет.

Прави ногавици

Правите ногавици го наоѓаат своето место меѓу трендот на широки фармерки, благодарение на дебито на Алесандро Микеле за Валентино. Неговите фармерки со прави ногавици ја постигнуваат совршената рамнотежа меѓу формата и удобноста, нудејќи разноврсна опција која се вклопува во различни стилови. Микеле самиот носеше сличен пар за време на неговото финално поклонување, цементирајќи го нивниот статус како задолжителни за сезоната.

Инвестирањето во висококвалитетен деним гарантира дека вашата гардероба ќе остане свежа и разноврсна. Без разлика дали тоа е совршено скроена јакна или фармерки што совршено прилегаат, приоритет давајте на парчиња што одговараат на вашиот личен стил.

Извор: Vogue.co.uk

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian