Групата Фолтин со турнеја низ Македонија

Нашата добро позната музичка група Фолтин, во текот на месец август ќе има мини турнеја низ Македонија.’

Турнејата ќе се состои од три самостојни концерти, и тоа:
На 8ми август во Струга, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм, а локацијата е Дом на култура, Летна сцена. На 16ти август ќе настапат во Битола, каде настанот ќе биде отворен од младите битолски бендови: “Tzar von time”, “Siotto jazz” и “Corrosion”, а специјални гости ќе бидат Суперхикс. Локацијата е Ракометно игралиште. На 25ти август, пак, ќе настапат во Кавадарци во Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.