Што ни донесе MTV VMA 2025

Годинешните MTV VMA ги одбележа доминацијата на Лејди Гага, со вкупно 12 номинации. Зад неа се најде Сабрина Карпентер, додека Аријана Гранде си замина со наградата за најдобро видео.

Настанот којшто беше воден од ЛЛ Кул Џеј, им оддаде специјална почит на Мараја Кери, Рики Мартин (како латино икона) и Баста Рамјс.

Посебен дел беше посветен и на легендарниот Ози Озбор, во којшто беа изведени дел од неговите песни од останатите музичари.

Црвениот тепих и годинава изобилуваше со креативни модни решенија. Кај младите уметници доминираа неколку дизајнери како Шанел, Валентино, Фенди и Скијапарели.

Особено внимание, меѓу другите, привлекоа Сабрина Карпентер, Аријана Гранде и Кјара, а во продолжение следува и галеријата.

Уживајте.

Фото: Reuters, Getty

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian