Каролина Ерера за прв пат претстави своја колекција на европско тло

Едно од највпечатливите дизајнерски имиња на модната сцена, Каролина Ерера, за прв пат во своето постоење претстави своја колекција на европско тло. Честа и припадна на Шпанија, поточно Мадрид.

Пролетната колекција 2026 беше во знакот на смелите флорални дезени и предимензионирани фустани. Креативниот директор Вес Андерсон и овој пат совршено ја комбинираше елеганцијата со ексцентричноста.

На модната писта продефилираа 77 комбинации со впечатливи бои, драматичен вајб и смели цветни дезенн. Големи ракави, широки раменици, долги опашки се беше во знакот на димензијата којашто стилски го дополнуваше просторот.

Од цветните мотиви централно место им припадна на три цвеќиња од особено значење за Мадрид – розата,  каранфилот и ирисот.

Колекцијата меѓу другото ја одбележаа и корсети со скулптурални линии што ја следат силуетата.

Еве како сето тоа изгледаше.

 

Фото Carolina Herrera

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian