Вторник е ден за шик-урбана комбинација во две бои. Денешниот наш предлог се панталони во корална нијанса заедно со бордо ролка.
Стајлингот го дополнуваме со бордо блејзер и ремен во окер нијанса.
Заокружуваме со чевли во леопард дезен и црна чанта.
Ви посакуваме убав ден.
Фото: Pinterest