Хајди Клум повторно го освојува Halloween – и годинава ќе биде незаборавна

Манекенката, водителката и модната икона Хајди Клум  повторно ги подигна очекувањата кога се работи за Halloween.

Секоја година таа нѐ потсетува зошто често се нарекува кралица на Halloween-вечерите, а причините се повеќе од впечатливи. Постојаниот стремеж кон изненадување.

Од својата прва позначајна Halloween појава во 2000-та година,Хајди започна со „домаќинска“ забава и костим кој беше забележлив, но не толку спектакуларен како оние што следеа. Со текот на годините, таа ја трансформираше својата традиција во вистински шоу: ги комбинира креативноста, специјалните ефекти, маските, прoтези и целата „back-stage“ продукција за да создаде моменти што остануваат во меморијата.

Костимите на Хајди не се само „маска за вечерта“; тие се изработени месеци однапред, со тимови од специјалисти, протези, мас-ефекти и сложени конструкции. Во 2022година таа се претвори во црв/глиста,а во 2023  „паван“ со цел екипаж од изведувачи, огромна опашка и сценографија. 2024 – заедно со својот партнер, ја „урна“ темата со ликов од ’90-тите – „ET“.

Хајди сама кажа дека сака да направи нешто што луѓето не би го очекувале. Привлекува внимание на глобално ниво: медиуми, модни сајтови, поп култура и постојано ја спомнуваат. Поставува ниво на очекување,со години, објавувањето на нејзините костими, фотките и деталите пред и по забавата се тема сама по себе. Влијае на начините на кои јавноста гледа на Halloween,не само како забава, туку како перформанс, шоу, и можност за креативно изразување.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian