Есен 2025 доаѓа во знак на дивата елеганција.
По неколку сезони во кои минимализмот и монохроматските тонови беа во фокусот,леопард принтот се враќа — посмел, постилен и поинспиративен од кога било. Овој безвременски принт уште еднаш го докажува своето место во модниот свет, тренд што никогаш не исчезнува, туку само се преродува.
Оваа сезона, леопард мотивите се присутни на палта, капути, панталони, чанти и дури и на чизми. Дизајнерите играат со текстури,волнени материјали, сатен, кожа и свила ,создавајќи впечатливи комбинации што внесуваат топлина и карактер во секој стајлинг.
Ефектот? Совршена рамнотежа помеѓу урбана дива енергија и софистицирана елеганција. Но, леопард принтот не бара од вас да бидете гласни – доволно е еден акцент. Марама, ремен, чанта или пар чизми можат да направат чудо во едноставен, еднобоен аутфит.
Комбинирајте го со беж, црна, маслинеста или бордо боја, за да ја нагласите природната топлина на есента. А ако сакате современ пресврт – пробајте го во неочекувани нијанси, како сива или темно сина. Леопрад принтот не е само тренд. Тој е став, расположение и приказна за жена која знае што сака. Оваа есен не се криеме – се истакнуваме!
Додадете малку дивина во вашиот стил и дозволете му на принтот да зборува наместо вас.









