Од ‘хистерична’ до силна: Жената што ја преобрази тишината во моќ

Дали сте знаеле дека 25-ти ноември е Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените? Овој датум не е само потсетник на борбата, туку и повик за разбирање, свесност и почит.

Од 25-ти ноември до 10-ти декември, низ цели 16 дена активизам, целиот свет зборува за тема која предолго била замолчувана.

„Хистерија“ – збор што ги затвораше жените

Овој термин, кој потекнува од античка Грција, некогаш се сметал за „женска болест“. Со векови бил користен за да се објаснат емоциите, стравовите или креативноста на жената, но не како природен дел од нејзината личност, туку како „нарушување“.

Жените биле затворани, игнорирани, психијатриски третирани – само затоа што биле емоционални, чувствителни, гласни или различни.

Долги години „хистерична“ не значеше „расположена“, туку „неприфатлива“, „опасна“ „жена за смирување”.

И токму тука започнува нашата приказна, длабока, силна и полна со емоции.

Модата како отпор: од корсетот до слободната силуета

Додека општеството ја затворало жената во стереотипи, модата станувала нејзиниот таен глас. Корсетот ја претиснувал, но и ја претворал во симбол на статус. Кринолината ја ограничувала, но и ѝ давала простор. „New Look“ на Dior во 1947-та ја славеше женственоста, по военото време, како повторно раѓање.

Во борбата против насилството врз жените, модните креатори, брендови и активисти ја искористија модата и нејзината глобална видливост за да подигнат свест, да поттикнат дијалог и да испратат силни пораки што допираат до милиони.

Колекции инспирирани од женската сила, кампањи кои повикуваат на почит, симболични парчиња облека и ревии што прераснуваат во платформи за општествен активизам, сето тоа овозможи модата да стане глас што повикува на промена.

Оваа синергија меѓу уметноста, институциите и јавноста создава силно движење кое не само што ја освестува суровата реалност на насилството, туку и го слави достоинството, храброста и непобедливоста на жените.

Модата со тоа станува повеќе од стил, таа станува штит, порака и платформа за свет во кој секоја жена живее безбедно и почитувано.

Денес, модата е оружје, израз и став. Жената не се облекува за да биде прифатена, таа се облекува за да биде слушната.

Автор: Елена Лука

FacebookInstagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian