Совети за празничен декор и магичен дом

Магијата на новогодишните празници започнува во домот. Во периодот кога семејствата се собираат, кога градовите светкаат, а срцата се исполнуваат со радост, домот станува центар на празничната атмосфера.

Како бренд кој ја слави елеганцијата, луксузот и урбаното живеење, ELENA LUKA HOME ги носи најубавите идеи за празнично уредување – идеи што ќе го претворат секој дом во топла празнична бајка.

Оваа сезона, доминираат три стилови:

Класичен новогодишен луксуз: црвено, златно, зелено

Оваа комбинација нуди традиција и топлина и е одлична за семејни домови и простории со топли тонови. Можете да додадете декоративни перници, кадифени завеси, свеќи со мирис на бор и слично.

Зимски бел луксуз: бело, сребрено, кристали

Овој стил е идеален за модерни станови и минималистички ентериери. За да го постигнете одберете стаклени украси, бел бор, транспарентни лампиони… На овој начин ќе добиете ефект на чиста зимска елеганција, како да се наоѓате во елитна вила на Алпите.

Модерен гламур: црно + мат злато

Модерниот гламур е совршен избор за луксузни градски станови. Го одликуваат свечени маси, стаклени вазни, црни свеќници и слично.

Сите овие стилови одлично се вклопуваат на естетиката на ELENA LUKA HOME – модерно, храбро, архитектонски моќно.

За повеќе идеи погледнете ја нашата галерија.